Categories
Охрид

Охридското Езеро ќе го чуваат светските организации за заштита на природното наследтво

Глобалното затоплување и тоа како ќе се одрази врз овој природен воден басен, затоа многу е важно да се најде соодветен начин за управување со него.

Охридското Езеро ќе го штитат  светските организации за заштита на природното наследтво. Глобалното затоплување и тоа како ќе се одрази врз овој природен воден басен, затоа многу е важно да се најде соодветен начин за управување со него, ова беше истакнато на отворањето на тридневната меѓународна конференција за Интегрирано управување со заеднички езерски басени, што денеска започна во Охрид.

Целта што оваа конференција се одржува токму во нашиов град е да го свртиме вниманието на меѓународната заедница кон заштитата на Охридското Езеро како светско природно богатство, а меѓународните организации да почнат да носат одлуки кое се од значење за Охридско-преспанскиот регион, рече државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски. На конференцијата свое обраќање имаше и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој зборуваше колку локалната  власт досега вложила во заштитата на езерото и отворено побара поголема подршка од централната власт па и од меѓународните институции бидејќи како што истакна Охридското езеро е од светско значење а не само од локално или државно.

Петрески рече дека доста е од вакви конференции и крајно време е да се преземат соодветни чекори во заштитата на езерото. Паноски пак, спротивно на мислењето на Петрески вели дека и тоа како се важни овие конференции бидејќи од нив многупати досега биле донесени конкретни мерки за заштитата на езерото. Во тој контекст го  истакан донесувањето на Законот за води, кој ќе стапи на сила во 2010 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *