Categories
Охрид

Охридските фармери денес не се приклучија на најавените протести

Фармерите од регионов денес не се приклучија на најавениот протест кон млекарниците.

Федерацијата на фармери за денес најави дека  млекопроизводителите нема да го предаваат млекотот на  откупните млекарниците. Кон овој бојкот не се приклучија фармерите од Охрид, Дебрца и Струга, вели Славко Николоски од млечната индустрија „Лабрадор“.

„Млечната индустрија  „ Лабрадор “ без проблем ги откупи дневните потреби млеко од своите 116 кооперанти. Откупеното млеко редовно се исплаќа по просечна цена од 20 денари. Минатиот месец исплатена е најниска цена од 19 денари, а највисока 21 денари врз основа на  квалитетот на млекото и Правилникот за сирово млеко “  вели Николоски. 

Додава  дека  ги разбира проблемите на фармерите, но млечната криза не ги погодува само нив туку и млекопреработувачите. Тие се сретнуваат со поголеми трошоци во работењето и големата конкуренција на увозно млеко и млечни производи. Потребно е изнаоѓање на заедничко решение за да се надмине ваквата состојба потенцира Николоски.

Инаку од Федерацијата на фармерите низ повеќе градови во земјава,   имаа двочасовен предупредувачки протест. Млекопроизводителите бараат корекција на откупната цена во некои региони, каде што на фармерите им се плаќа  и  по 11 денари по литар. Федерацијата на фармери бара и придружување кон Правилникот за пресметување на откупната цена на  млекот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *