Categories
Охрид

Охридската пастрмка повторно се мрести природно

По изминати  12 години, пастрмката повторно се мрести  природно во плитките делови на Охридското езеро.

По изминати  12 години, пастрмката повторно се мрести  природно во плитките делови на Охридското езеро.

Научните работници од Хидробилошкит завод велат дека години наназад отсуствуваше природниот мрест на пастрмката поради големиот притисок кој врз овој ендемичен вид риба се вршеше со стопанисувањето на езерото и нелегалниот риболов.  

Зоран Спиркоски научен работник од Хидробилолошкиот завод од Охрид потенцира дека поради спориот животен циклус на пастрмаката, репродуцирањето на нејзиниот подмладок по природен пат ќе трае долго. Во монетов е многу важно да се потпише заеднички протокол помеѓу двете соседни држави- Македонија и Албанија.

 

Само на тој начин ќе се врати популацијата на пастрмаката во водите на Охридското езеро.
За таа цел Хидробилошнкиот завод со решение на минстерството за земјоделство, шумарство и водостопанство , ќе работи на изготвување на риболовните основи.

Од Хидробилошкиот завод напоменуваат дека заживањето на природните мрестилишта е добар сигнал но, истакнуваат дека пастрмката заедно со белвицата се вбројуваат во светската книга на загрозени видови риба. Заштита- вели тој, на вакви ендемични видиви бара многу пари, но со помош на државата и странските фондации пастрмаката може  да се спаси од истребување.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *