Categories
Охрид

Фестивалот Охридско лето ги исполнува очекувањата

Многубројните бисови и громогласниот аплауз се најдобриот доказ за реакциите на публиката.

Многубројните бисови и громогласниот аплауз се најдобриот доказ за реакциите на публиката. Фестивалот се повеќе се искачува на врвот на ваквите манифестации, па многу од уметниците доаѓаат поради неговиот рејтинг, а не поради висината на хонорараите.

Фестивалот Охридско лето во изминатите десет дена, на публиката и понуди неколку музички и театарски настани за паметење. Тимот кој стои зад овој реномиран фестивал вели дека со буџетот со кој располагаат не би можеле ниту половина од изведувачите и познатите  имиња да ги доведат во Охрид. Но, поради се поголемиот рејтинг на Охридско лето изведувачите настапуваат и за многу  помали хонорари од вообичаените.

Музичкиот селектор на фестивалот проф. Гордана Јосифоска Неделковска вели дека засега се оди по планот барем во музичкиот дел на фестивалот. Ова четириесет и осмо издание на Охридско лето започна со музичкиот спектакл, настапот на оперската дива Џеси Норман, а  ќе биде затворено со изведбата на познатата виолинистка Сара Ченг.

Во  наредните фестивалски денови има барем уште десетина музички настани кои засекогаш ќе остават белег на оваа културна манифестација, вели професор Јосифоска. Таа кажува дека сите досегашни концерти завршуваат со овации и со по неколку бисеви што е најдобар доказ за квалитетот на уметниците.Понекогаш просторот каде се одржуваат концертите е претесен да ги собере сите љубители на музиката , додава Јосифоска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *