Categories
Охрид

За време на туристичката сезона Охрид се „дави“ во соптвениот смет

Дневно, од охридските улици и плажи  се собираат од 120 до 150 тони смет информираат  од ЈП Комуналец.

Дневно, од охридските улици и плажи  се собираат од 120 до 150 тони смет информираат  од ЈП Комуналец.За нехигиената во градот и на плажите, граѓаните велат  подеднакво се виновни и тие и комуналното претпријатие.

На охридското крајбрежје, за викендите престојуваат околу 30.000 гости кои зад себе оставаат големи количини отпад објаснуваат од Комуналец.По охридските улици, а и плажите продолжува и оваа туристичка сезона сликата  со преполни контењери и расфрлан смет околу нив. 

Висината на градската чистота со години наназад се  става под лупа. Туристите велат дека треба да лажат ако кажат дека се задоволни од нивото на градската хигиена. Додаваат дека состојбата е делумна,кејот е чист,а состојбата со  улиците е жална. Останува и понатаму  актуелна дилемата кој е виновен за ваквиот негрижлив однос кон животната средина, граѓаните  или јавното претпријатие. Двете страни,  потенцираат граѓаните. Доаѓа многу народ, а службите  се неекспедитивни и го добиваме она што заслужуваме.
Од јавното претпријатие Комуналец објаснуваат дека се соочуваат со ситуација, по завршувањето на викендот , плажите и охридските улици остануваат зтарупани со смет.

Директорот на јавното претпријатие, Боро Павлоски, вели дека дневно се подигаат и по 150 тони смет, а се работи во три смени. Павлоски обајснува дека  се ангажирани 20 возила и 180 работници, од кои 50 сезонски. Во одржувањето на поголем комунален ред, Павлоски ги повикува на поголема ажурност  инспекторите, како општинскиот така  и  инспекторот за животна средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *