Categories
Охрид

Деновиве охриѓани и по неколку часови немаа вода за пиење

Деновиве охриѓани и по неколку часови немаа вода за пиење. Од Проаква велат дека причина за тоа е дотраената водоводна мрежа.

Деновиве охриѓани и по неколку часови немаа вода за пиење. Од Проаква велат дека причина за тоа е дотраената водоводна мрежа.

Од таму кажуваат дека во некои делови од градот цевките се стари и по неколку децении. Во летниов период поради зголемената потрошувачка на вода се вклучува и пумпната станица кај Метропол, па поради тоа се зголемува притисокот и цевките буквално пукаат, објаснува директорот на ова меѓуопштинско претпријатие, Бранислав Трпчески.

 

„Во изминатиов период имавме два големи дефекти на главниот цевковод Метропол -Пештани и во централното градско подрачје каде цевките се стари и по 18 години“, кажува Трпчевски, а како куриозитет ја посочува водоводната цевка од 1934 год. која е пронајдена при археолошките ископувања на Плаошник, а која сеуште е во функција. Трпчевски вели дека дневно има и по дестина дефекти и под итно мора сериозно да се размисли за менување на цевките .

Од големо значење за брзо откривање на дефектите е и подземниот катастар кој моментално Проаква го нема, потенцира директорот на ова претпријатие. ,,Затоа еден од наредните проекти е изработката на ГИС,, ,вели Трпчески.

Инаку, Проаква има потенцијал непречено да ги снабдува граѓаните на Охрид и Струга со вода за пиење. Изворите имаат доволен капацитет и во летниот период кога температурите се високи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *