Categories
Охрид

Културните манифестации ја полнат касата на општина Охрид, но и џебовите на охриѓани

Градов ова лето е домаќин на над десетинa културни настани, а добар дел од нив за прв пат се случуваат тука.

 

Културните манифестации ќе ја полнат касата на општина Охрид, но и џебовите на охриѓани. Градов ова лето е домаќин на над десетинa културни настани, а добар дел од нив за прв пат се случуваат тука. На крајот на јуни се одржа меѓународниот фестивал Распеано оро чиј покровител беше општината, веднаш потоа за прв пат имавме чест да газиме на црвен килим на отварањето на филмскиот фестивал на француски филм. По неговото завршување започна Балканскиот фестивал, а пред три дена свечено беше отворено четириесет и осмото издание на фестивалот Охридско лето.

Никола Манески, портпаролот на градоначалникот, вели дека политика на локалната е, во Охрид, особено во летниот период секој ден да има по некое ново случување. На тој начин се зголемува туристичката понуда, но во исто време расте и вонпансионската потрошувачка од што пак најголема добивка има градот и неговите жители. Охрид на крајот на Aвгуст поточно од дваесет и втори до дваесет и петти ќе биде центар на светското аматерско хорско пеење. Седумдесет хорови од осумнаесет земји од Европа, Азија и Африка ќе настапат на хорските смотри. Општина Охрид е соорганизатор на настанот.
Манески кажува дека за сите овие културни збиднувања, издвоени се средства од буџетот на општината, а со ребалансот ќе бидат одобрени и дополнителни пари за оние манифестации кои не беа предвидени во годишната програма на комисијата за прослави и манифестации.

Како настан кој е за издвојување а ќе се случува во средината на Септември е светскиот славистички конгрес кога се очекува да пристигнат илјада слависти од целиот свет. Во летниов период во градов ќе се одржат и неколку музички фестивали како Охрид те сакам, Охрид фест, а на крајот на Август за прв пат ќе се одржи фестивал на витешки игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *