Categories
Охрид

Факултетот за туризам и угостителство е домаќин на интернационална летна школа

Домашни и странски студенти ќе стекнуваат дополнителни знаења. Студентите по завршувањето на летната школа ќе полагаат и ќе имаат можност да се стекнат со сертификат и кредит за европскиот Болоњски систем на студирање.

Повеќе од 300 студенти од Европа ќе следат настава во рамките на летната интернационална школа на ФТУ. Студентите имаат можност да изберат еден од 12-те предмети. Предавачи се професори од Македонија, Европа и САД. Меѓу предавачите е професор Габриела Ракичевиќ, која предава по предметот Менаџмент на човечки ресурси.
По овој предмет , студентите се стекнуваат со знаења и искуства и од белгискиот професор Алекс Ван Странтен.
Холандската влада со проектот Спарк е финаскиот подржувач на интернационалната летна школа.Оваа школа се одржува по петти пат, а охридскиот ФТУ за прв пат е домаќин.

Студентите по завршувањето на летната школа ќе полагаат испит и по успешното завршување ќе се стекнат со сертификат. Со тоа добиваат и одреден број на кредити за европскиот Болоњски систем на студирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *