Авантуристичка Off Road тура заврши со несреќа кај Коњско

Денес во 11:15ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, бил алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри.

 |   | 

Денес во 11:15ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, бил алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри. Екипа од ПСС веднаш се упатила на терен, а оперативниот центар ги известил СВР Охрид и Итната Медицинска Помош.

„Тимот на ПСС во 11:30ч. пристигна на место на несреќата, каде врз две лица (машко и женско), и двете со политрауми, им беше укажана прва помош и согласно протоколот за ваков вид интервенции истите беа целосно имобилизирани и со теренско возило транспортирани до возилата на Итната Помош, кои чекаа на најблиската пристапна точка. Во 12:10ч. двете повредени лица беа предадени на ИМП и пренесени на понатамошен болнички третман.“ – информираат од ПСС.


Од ПСС повторно со апел  до туристичките работници и до лицата кои се корисници на услуги во авантуристичкиот туризам, да ги почитуваат и строго да се придржуваат до безбедносните правила, а во случај на несреќа, особено од ваков вид, каде најчесто станува збор политрауми со можни сериозни последици, веднаш да нe алармираат и да ги чекаат  тимовите на Планинската Спасителна Служба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top