Одбележан патронот на ОУ „Христо Узунов“

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа Свечена академија по повод јубилејот, 110 години од смртта на Христо Узунов. Основците од училиштето кое го носи името на овој охридскиот револуционер достојно го претставија ликот и делото  на Узунов преку рецитал, игра, песна и глума.

 |  Николоска Биљана  | 
patron hristo
патрон христо

patron hristoСо низа манифестации и настани, оваа година општина Охрид ја одбележа годишнината од смртта на познатиот охридски револуционер, војводата Христо Узунов. Со пригодна реч и со доделување награди за најуспешните ученици на објавениот ликовен и литературен конкурс вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ годишнината ја одбележа основното училиште од Охрид што го носи името на Узунов.

„Голема  чест е да се прославува овој за нас значаен ден – 38 години постоење, растење и развивање, години исполнети со труд, работа, учење, подучување, закитени со многу награди и признанија, истакна првиот човек на училиштето Тони Симоноски. patron hristoДодаде дека во нивното 38 годишно постоење останале доследни на својата визија –  современо училиште  кое не запира во  унапредувањето  на воспито – образовниот процес, училиште во кое се негува тимската работа и кое храбро чекори напред  со сите предизвици на новото време.

„Секако ова го подготвуваме околу месец дена, меѓутоа сепак стигнуваме вредите раце на ликовните уметници, творбите кои што ги напишаа нашите ученици, морам тука да ги пофалам и наставниците и родителите се вклучија во ова чествување и можам да кажам дека стигнавме навреме сето ова да го одбележиме дстојно на ликот и делото на Христо Узунов“– вели Симоноски.

Темата на годинешното прославување  на патронот на училиштето „Христо Узунов“ беше „ ОГНИШТЕ “. Учениците порачаа дека таа тема е многу суштествена и неисцрпна, дел од нашето минато, сегашност и иднина.

patron hristoТие потенцираа дека огништето низ вековите кај македонскиот народ било  симбол на домот, татковината, на среќата и љубовта. Тоа било средиштето на топлината и светлината , место на зближување на луѓето и во радост и во тага.
Основците од Христо Узунов тоа го покажаа со богата културно уметничка програма со изведба на хорски песни, рецитал, драмска изведаба, балет и ликовна изложба од наградените ученици.

На манифестацијата присуствуваше заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателката на Советот Гордана Коњановска. Исто така присутни беа и гостите од збратимените училишта од Крагуевац и Врање, кино салата беше максимално исполнета. Чествувањето на патронот продолжи и денес. На бистата на градскиот парк во Охрид беше положено свежо цвеќе , како и на неговиот гроб во Цер.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top