• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Oхридскиот Црвен крст организира обуки за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Oхридскиот Црвен крст организира обуки за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

 |   | 

Со цел развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица и лица со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира втора обука за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 3 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала со почитување и примена на соодветните протоколи за заштита од Ковид-19. – информира организацијата.

Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник, дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен меѓународно признат сертификат за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните кандидати на возраст од 18-60 години, ќе можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk или на еден од телефоните 046 261909 и 070 315309, каде треба да ги остават следните податоци (Име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон/е-маил со назнака за Оглас за негователи). Огласот за пријавување на кандидати за обука неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е отворен од 26.03 до 01.04.2021, велат од организацијата на Црвен крст Охрид.

Црвен крст Охрид е верификувана организација за спроведување на обуки за неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top