Categories
Охрид

Ниска култура на учесниците во сообраќајот

Сообраќајните правила се почитуваат само во присуство на полицијата. Со засилени полициски контроли продолжуваат активностите за подигање на безбеднста на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајните правила се почитуваат само во присуство на полицијата. Со засилени полициски контроли продолжуваат активностите за подигање на безбеднста на сите учесници во сообраќајот.
   
Загрозена е безбеднста на учесниците во сообраќајот. Тоа посебно се однесува на пешаците, во ситуации кога треба да  пројдат преку улица со обележан пешачки премин.
Граѓаните се жалат дека возилата застануваат на пешачки премин само ако  во близина има полиција.

Не е подобра безбедноста ниту за останатите учесници во сообраќајот. Тоа го покажа и денешната акција при контрола на моторните возила, учесници во сообраќајот. Од полицијата се  констатирани најчестите прекршоци. „Затекнати се прекршители кои управувале нерегистрирани моторцикли или немале  дозвола за управување. Зачестена појава е и возење на моторцикли без заштитен шлем вели Страшо Миленкоски, Командир на Полициската станица за безбедност на сообраќајот.

Ваквите акции на сообраќајната полиција се превземаат со цел да се подобри сообраќајната култура и безбеднсот на сите учесници. Акцијата за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот започна на 15 јуни, а ќе трае до крај на месец август.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *