Categories
Охрид

Жителите од стариот дел на градот се жалат на непочитување на летниот сообраќаен режим

И покрај донесената одлука на совет, се паркира- кој каде ќе стигне, велат жителите на стариот дел од градот. Се закануваат со поднесување на пријави кон надлежните органи.

Не се почитува летниот сообраќаен режим- се жалат жителите од стариот дел на градот. Во знак на протест, поголемиот број од нив го ставија својот потпис на петиција. На неа, исто така се потпишаа и дел од советниците, кои неодамна учествуваа во гласањето на новиот режим на сообраќај. „ На улицата Македонски просветители од рампата до кружниот тек е хаотична состојба. На Македонски просветители од двете страни се паркираат, така да невозможно е да се помине, ниту ние што сме со специјални пропусници. Кружниот тек , исто така е целосно узурпиран“, вели Сашо Алчев, жител на стариот дел од градот.
Од МЗ Стар град се закануваат дека, доколку наскоро проблемот не се реши, од нивна страна ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните за спроведување на одлуката.

„ Доколку ваквата состојба продолжи ќе поднесеме и кривични пријави до концесионерот на паркинзите и до овластените лица“, велат од МЗ Стар Град.

Согласно донесената одлука од страна на советот на општина Охрид, како привремени паркинг- простори каде паркирањето се врши со наплата, се определени: ул. Македонски просветители по целата должина, но само од левата страна. На кружниот тек и ул. Коста Абраш – од плоштадот до зградата на капетанија, додека трае летниот сообраќаен режим, во временскиот интервал од 20 до 5 часот наутро, е забранет секаков вид сообраќај и целиот простор треба да се користи како пешачка зона. Додека пак, во временскиот интервал, од 5 до 20 часот, на овој дел може да сообраќаат само моторни возила кои имаат обезбедено специјални пропусници- но, не и да се паркираат.

Овој режим не важи за денес, кога поради одржување на пливачкиот маратон, во целост е забранет сообраќај кон стариот дел на градот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *