Categories
Охрид

Нема систематски преглед без пари

Мајка упатува забелешка на вчерашниот прилог за работата на советувалиштето и вакцинации при здравстевн дом.

Мајка упатува забелешка на вчерашниот прилог за работата на советувалиштето и вакцинации при здравстевн дом. Прашува, ако државата ги финансира систематските прегледи, тогаш зошто се бараат сини картони, а згора на тоа се наплаќа и партиципација за извршената услуга.

Сограѓанка, мајка на тригодишно дете, која сакаше да остане анонимна, реагираше до нашата редакција. Повод е вчерашниот прилог за работата на Работната единица советувалиште и вакцинации за деца и младинци и услугите во примарната здравствена заштита, за кои се потенцираше дека се бесплатни.

Началникот  на оваа  единица, д-р Катерина  Димитровска, во вчерашниот прилог кажа дека за  систематските прегледи и за вакцинациите нема партиципација. Трошокот е на државата, а родителите немаат обврска за паричен надоместок.

Сограѓанката потенцира дека ги знае своите права како пациент, но како и многу други пациенти не знаат како да се справат со ваквите ситуации. Иако вели се консултирала со својот матичен лекар, тој едноставно останал без било каков коментар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *