Categories
Охрид

Нема да се удри по студенскиот буџет

Зголемување на цената за сместување  во студенскиот дом „Никола Карев“, нема да има. Конкурсот за прием на студенти е завршен, слободни места има, но се очекува домот да работи со половина од расположливиот капацитет.

Зголемување на цената за сместување  во студенскиот дом „Никола Карев“, нема да има. Конкурсот за прием на студенти е завршен, слободни места има, но се очекува домот да работи со половина од расположливиот капацитет.

Нема да има удар врз студенскиот буџет со покачување на цените за сместување во студенските  домови во земјава. Студентите кои ќе се сместат во домот „Никола Карев“ нема да плаќаат повисока цена од минатогодишната.

Конкурсот за сместување на студентите во  домот е по електронски пат. Електронското аплицирање е завршено и на него се пријавиле 42 студенти.

„Со ваков начин на пријавување во студенскиот дом ни се олеснува работат и нам и на студентите“,  вели директорот Бесник Доко. Овој начин се применува  втора година по ред.

Лани во домот биле сместени  148 студенти, а капацитетот на студенскиот дом „Никола Карев“ е 280 легла. Од 30 август до 5 септември е конкурсот за бруцошите. Од 15 –ти септември кога започнува академската година се очекува околу  50 –тина студенти кои ќе стратуваат во прва година. Инаку домот „Никола Карев“ е со најдобри услови за сместување на студентите во земјава. Неодамна се реновирани поголемиот број од собите, а се очекува наскоро да се промени електричнат инсталација и да се постави бесплатен интернет за студентите. Домот располага со современа кујна и ресторан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *