Categories
Охрид

Нелегално поставени тезги ги запоседнаа охридските тротоари

Од општинскиот инспекторат објаснуваат дека превземаат се што е во рамки на нивната надлежност за да ги отстранат. Сопствениците на тезгите не сакаат да коментираат.

Од општинскиот инспекторат објаснуваат дека превземаат се што е во рамки на нивната надлежност за да ги отстранат. Сопствениците на тезгите не сакаат да коментираат.

Наместо по тротоар, пешаците во градов се почесто се принудени да минуваат на улица. Поголемиот број тротоари во градов, наместо пешаци, ги имаат запоседнато нелегално поставени тезги на кои се продава зеленчук и овошје и тоа по цени- многу пониски од оние во блиските маркети.

„ Не е добро што вака ги продаваат производите на улица каде има многу прашина“ коментираат граѓаните. Според други- невработеноста и сиромаштијата ги принуди луѓето да изнаоѓаат различни начини на егзистенција.

Сопствениците на ипровизираните тезги не сакаа да коментираат зошто избрале своите земјоделски производи да ги продаваат на тротоарите, а не на пазар.
Импровизираните тезги најбројни се на улицата Јане Сандански, во близина на маркетите Малборо и Макси Де. Ги има и на тротоарите во непосредна близина на градскиот пазар.

Од Општинскиот инспекторат и за овој проблем следуваше објаснување идентично како и за многу други проблеми кои години наназад го засегаат градот, а никако да се решат. Велат- нивните служби во повеќе наврати им ја одзеле робата на сопсвениците на тезгите, а против голем број од нив поднесени се и прекршочни пријави.

Од Оштинскиот инспектораат најавуваат дека ќе се превземаат соодветни санкции кон сопствениците на нелегално поставените тезги, но нема да изостане ниту казнувањето на сопствениците на маркетите чии производи често пати се продаваат токму на тротоарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *