Categories
Охрид

И понатаму неизвесна судбината на Палас

Локалната самоуправа очекува наскоро да се реши судбината на хотелот Палас.

 

Градоначалникот Петрески со оптимистички најави дека до крајот на годинава ќе се реши судбината на хотелот Палас.
Тоа е ветувањето кое Локалната самоуправа го добила од страна на Комисијата за решавање на предмети од денационализација. Интерес од страна на странски инвеститори за оваа локација има, но тие не можат се реализираат додека не заврши постапката за денационализација- потенцира Петрески.

Се чека уште конечниот одговор по предметот за денационализација на фамилијата Доко- некогашен сопственик на поголем дел од дворот на хотелот Палас и просторот каде се наоѓа стаклената сала. Доко потенцираат дека ќе одат до крај- додека не си го вратат некогаш одземениот имот. Тоа значи дека во случај на негативен одговор, ќе ја обжалат одлуката што би значело продолжување на неизвесноста уште една до две години.
Второстепената, владина комисија, претходно донесе конечна одлука во корист на фамилијата Руменови, чиј имот исто така се наоѓал на просторот кај хотел Палас.
Поради годишните одмори, не успеавме да добиеме потврда на информациите дека до крајот на годинава ќе се знае конечниот исход на барањето на фамилијата Доко за денационализација, а со тоа и судбината на некогаш најатрактивниот хотел на охридската ривиера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *