„Еден месец по изгласувањето на Законот за стечајци, до Центарот за вработување сеуште нема доставено списоци на лицата кои ќе примаат паричен надоместок“ вели директорот на центарот за вработување Јован Баткоски.

Обидот да го исконтактираме претседателот на охридското здружение на стечајци, Иван Николоски и да дознаеме колкав е бројот на лицата и кога списоците ќе бидат испратени во Центарот за вработување, остана безуспешен. Од здружението молк…
Во декември 2006, во здружението на граѓани загубари,технолошки вишок и стечајни работници со над 25 години работен стаж биле пријавени 400 лица.

Тие неколку години бараа решавање на нивниот стаус. И по конечната разврска останува незиавесно колку од овие лица ќе земаат паричен надоместок од државата.
Согласно законот, овие лица треба да примаат 34 посто од просечната плата во земјава, односно околу 5000 денари.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: