• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Најголемиот кросовер пијанист на денешницата, Максим Мрвица ќе дава нова димензија на Охридско лето

Најголемиот кросовер пијанист на денешницата, Максим Мрвица ќе дава нова димензија на Охридско лето

Публиката ќе може да ужива во избор од најдобрите кросовер композиции на Мрвица, но ќе може да се слушне и неговата виртуозност во класиката. Големиот пијанист за прв пат доаѓа во Охрид, а себеси се доживува како класичен пијанист.

 |  Мишел Наумоски  | 
mrvica
мрвица

Maksim MrvicaНајпознатиот и најпродаваниот кросовер пијанист на светот, Максим Мрвица ќе ги спојува класичното и современото на сцената на Антички. Хрватскиот виртуоз на пијано, кој за прв пат гостува на Охридско лето и воопшто во Македонија, вели дека му е навистина мило што после подолг период конечно ќе има свој настап на нашиот реномиран фестивал. Мрвица ќе отсвири избор од неговите најдобри кросовер изведби, но ќе ја покаже и неговата класична страна и непресушната љубов кон класичните звуци на пијаното со изведбата на Листовата Х-мол балада. Мрвица ужива светска популарност, статус на пијано виртуоз, па дури и модна икона. На прашањето како се справува со својата огромна популарност, големиот пијанист, искрен.

Mrvica Ohridsko leto„Што се однесува до успехот, мислам дека се е тоа како ќе го поставиш тоа во својата глава. Мене успехот ми се случи пред 11 години, така да на почетокот тоа беше необично. Јас доаѓам од свет кој е потполно различен, класична музика, поинаква од оваа која сега ја живеам. Имам фанови кои врескаат за цело време додека ми траат концертите и целата таа фама околу мене и мојата музика е нешто потполно различно од она што е во класичната музика. Претходно тоа беше само вежбање, вежбање, сала, класична сала, концерт, па повторно вежбање, така да ми требаше подолго време да се прилагодам на ваквиот стил на живот и едноставно веќе поминаа 10 години и веќе знам што можам да очекувам.“-вели Максим Мрвица, кросовер пијанист.

Запрашан за тоа дали повеќе се чувствува како класичен пијанист или кросовер пијанист, Мрвица вели дека тој отсекогаш се чувствувал како класичар бидејќи класичната музика ја свири од својата деветта година.

Mrvica Anticki teatarСе пошегува дека не може да се замисли како педесетгодишник кој во ритамот на техно звуци свири кросовер музика. Но додава дека и двата стила се важни за неговата кариера.

„Јас никогаш не сум бил личност која сама себе си поставува цели и предизвици за да ги освојувам. Едноставно тие предизвици доаѓаа со мојот животен стил, мојата кариера. Знам дека еден од моите најголеми предизвици беше кога почнав со кросовер и се чувствував како да имам прескокнато неколку скалила од животот, тогаш живеев во Париз и по две години свирење кросовер добив можност да свирам во Московската филхармонија како солист со маестро Јуриј Симонов, кој е еден од најголемите диригенти и оркестри во светот и преполниот Сунтори Хол, најголема класична хала во Јапонија. Можеби тие нешта не би се случиле ако не се занимавав со кросовер, тоа е еден линк кој ми помогна да се изградувам во мојата класична кариера.“-рече Мрвица.

Инаку Максим Мрвица иако е веројатно најпознат како кросовер пијанист поседува исклучително квалитетно класично образование. Музичка академија завршил во Загреб, за потоа своето образование да го продолжи на Академијата Франц Лист во Будимпешта. Мрвица има издадено десет студиски изданија со достигнат тираж од над 2 милиони продадени примероци во повеќе од 57 земји и над 60 милиони посетители на Ју тјуб каналот. Неговиот концерт се одржува вечерва во 21 часот на сцената на Антички.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top