Categories
Охрид

Прогласен најдобриот полицаец за 2008 година

Маријан Милошески е најдобриот полицаец во изминатата година. Традиционално, Локалната самоуправа, го награди Милошески со ТВ приемник.

 

Маријан Милошески, кој веќе 12 години работи во полициската станица во Охрид, е прогласен за најдобар
полицаец во изминатата година. Чест ми е што ја добивам оваа награда и му посакувам на секој колега барем еднаш во животот да има можност да го добие ова признание- рече Милошески. Според него, малку е тешко да се биде полицаец, но тоа е неговата работа и ваквите награди ќе придонесат кон уште поголема
надградба на професионален план.

 Традиционално, како и секоја година, на најдобриот полицаец, од страна на Локалната самоуправа му беше
доделен телевизор. Во отсуство на градоначалникот Петрески, наградата ја врачи претседателот на советот
на општина Охрид, Владо Чингоски.

Да му посакам успех понатаму, мир, и што помалку работа во Охрид и Македонија- се обрати Чингоски. Пред нас е туристичката сезона и должност ни е на гостите да им

обезбедиме да се чувствуваат безбедно, а тоа највеќе зависи од вработените во полициската станица.
Како што не информираше претседателот на Советот, Владо Чингоски, наскоро, на една од наредните седници,
се очекува командирот на Полициската станица во Охрид, да поднесе извештај за безбедносната состојба на
подрачјето на општината во првото полугодие од годината.
7-ми мај се одбележува како Ден на македонската полиција. По тој повод, во СВР Охрид се одржа прием на
кој признанија им беа доделени на вработените со стаж од над 20 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *