Categories
Охрид

На градскиот пазар повеќе не се продаваат млечни производи

Поради посебните услови кои продавачите требаше да ги исполнат  според Хасап системот, тие се одлучија за нови начини на продажба на овие производи. Од Ј.П. „Комуналец“ се подготвени за соработка доколку има интерес од продавачите.

Поради посебните услови кои продавачите требаше да ги исполнат  според Хасап системот, тие се одлучија за нови начини на продажба на овие производи. Од Ј.П. „Комуналец“ се подготвени за соработка доколку има интерес од продавачите.

Ристе Даркоски од Витолишта, мариовско дваесет години  продаваше сопствени млечни производи на охридскиот пазар. Од пред два дена тој своето производство го нуди во изнајмен дуќан кој е дел од просториите на Ј.П. „Комуналец“. “Се одлучив да земам дуќан под кирија бидејќи ми беше поисплатливо отколку само да купам посебна витрина и да го продавам сирењето на тезга“, вели овој производител на млечни производи.

Со градскиот пазар стопанисува ЈП Комуналец. Од таму велат дека според прописите на дирекцијата за храна прехрамбени производи  не смеат да се продаваат на отворено.Ова  јавно претпријатие направи подготовки за уредување на еден дел од пазарот наменет за продажба на млечни производи. На овој простор продавачите требаше да постават затворени тезги со ладилници за привремено чување на производите а „Комуналец“ имаше обврска да го затвори просторот, да стави топла вода и разладен уред за одржување на температурата на 15 степени целзиусови.

Сашо Алчев, координаторот на заеднички служби во ЈП Комуналец вели дека во два наврати писмено ги известиле продавачите за новиот начин на работа, но никој од нив не покажал интерес за и понатаму да продава на градскиот пазар. Сега дестина пазарџии своето сирење, изварок и други млечни производи ги пласираат претежно по рестораните и хотелите. Алчев вели дека во летниов период поради туристичката сезона полесно е да се најде пласман за овие производи. Ако од на есен поголемиот дел од производителите на млечни производи покажат интерес за нивна продажба на градскиот пазар под новопоставените услови, од „Комуналец“ се подготвени за соработка. Инаку овој проблем трајно би се решил со изградбата на модерно уреден пазар кој беше најавуван уште пред неколку години, вели Алчев. Но, проектот во кој беше зацртан новиот пазар и кој требаше да се реализира уште пред една година сеуште е само на хартија

Градоначалникот Александар Петрески вели дека општината ќе започне со реализација кога ќе се решат некои дилеми околу сопственоста на земјиштето. Во моментов пазарот инфраструкурно е нерешен, хигиена е на незавидно ниво, а тезгите се стари и дотраени. Додека пазарот не добие современ лик, продавачите ќе се снаоѓаат како знаат и умеат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *