На 3 јули во Охрид ќе стартува „Бело лето 2015“

На 3 јули во Охрид ќе стартува „Бело лето 2015“.

 |  Валентина Неловска  | 
belo leto

Објавена програмата за годинешното издание на манифестацијата Бело лето 2015. Во текот на 3 дена, од 3-ти до 5-ти јули, ќе се означи почетокот на летната туристичка сезона.  Со низа активности, охридската Локална самоуправа планира  да  ја збогати туристичката понуда во градот и да се привлечат што повеќе гости  на охридското крајбрежје. Од таму велат дека се изнадени од слабата поддршка на угостителскиот еснаф, па одлучиле со сопствени средства да ја реализираат годинешната манифестација.  Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, кажа дека во изминатите години учествувале по 50 до 70 угостители, а годинава се пријавиле само  5-6 објекти. Негира дека една од можните причини  лежи во зголемената давачка од 30%, која годинава Локалната самоуправа ја донесе за  угостителите. Додава дека допрва ќе ги испитуваат причините за слабиот интерес на угостителите.

bobi„ Како Локална самоуправа ги преземаме сите активности да донесеме звучни имиња на манифестацијата. Ангажиравме онолку лица, колку што мислиме дека е потребно, но не добиваме квалитетен фит бек со бројот на учесниците од угостителскиот еснаф кои ќе се вклучат и годинава ќе отпаднат. Во некоја друга активност би се вклучиле како што е затварањето на летната сезона. Но ќе се потрудиме да дознаеме зошто угостителскиот сектор не се одзва во поголем број како во изминатите години“, нагласува Апостолов.

belo letoИ покрај неучеството на угостителскиот еснаф, организаторот ветува добра програма и успешна најава на стартот нан туристичката сезона. Главниот акцент на манифестацијата е ставен на 4-ти јули, кога е планиран главниот концерт со познати музички имиња на плоштадот. Учество ќе земат Слаткаристика, Тајзи и Саунд месинџерс. Планирано било и учество на музичката звезда од шоуто Х- фактор, охриѓанецот Боби Мојсоски. Но  неговиот настап  ќе се случи по 15-ти јули, по истекување на неговите обврски од договорот со продукацијата на Х-фактор, вели Мојсоски.

„ Желбата да настапам на 4-ти јули беше обострана, но за жал денес ми стигна порака дека на тој ден мора да настапам во Белград…..обврзан сум да го почитувам договорот со продукцијата. Се надевам дека летово ќе настапам и ќе се претставам пред моите охриѓани како и пред Х-Фактор. Благодарам за поддршката на ова шоу“, истакна Мојсоски.

Покрај концертот, во склоп на манифестацијата ќе се одржат и други активнсти, како што е презентација на занаети и рачни изработки на охридски туристички производи, се со цел да се привлечат што повеќе туристи. Штандовите  ќе бидат поставени на малиот плоштад кај Долна Порта,а угостителските објекти ќе работат во текот на два дена со продолжено работно време. На 4-ти јули пак,  ќе работат неограничено, напоменува Апостолов од Тлер.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top