Моторџиите го преплавија Охрид

Мотористи од Македонија, Балканот и цела Европа по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, на ревијално рели низ земјата. Заедно со Република Македонија, и ова рели слави свој 20 годишен јубилеј. Веќе се извозени две етапи од релито, а останува уште третата и последна етапа со што ќе се заокружи овогодинешното издание на мото-релито.

 |  Мишел Наумсоки  | 
рели
рели мотори

рели мотори20 години мото-рели по повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Повеќе од 320 мотористи од Македонија, балканските земји, како и Финска, Италија, Швајцарија, Ирска и Австрија зедоа учество во ова масовно меѓународно рели. Мотористите вчера околу 17 часот пристигнаа во Охрид, а Охриѓани можеа да уживаат во моќниот звук на моторите кои целиот град го кренаа на нозе.

„Релито започна во текот на вчерашниот ден, во претпладневните часови, поточно во 09:30 минути од плоштадот „Македонија“ и се возевме преку Куманово, до Дојран преку Берово и Струмица, 320 километри. Во текот на денешниот ден се одвиваше втората етапа на релација Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Битола, Охрид, околу 315 километри. И во текот на утрешниот ден ќе ја обавиме, ќе ја завршиме последната трета етапа која што ќе се вози од Охрид преку Струга, Дебар, Маврови анови и Скопје.“-рече Ѓоко Кузманоски-Претседател на организационен одбор на мото-релито

Бројните мотористи задоволни од она што го затекнале и што успеале да го видат по македонските патишта. Задоволството е особено изразено кај странските учесници, но и домашните, барем оние новајлиите не останаа рамнодушни.

„Релито има ревијален карактер, нема натпреварувачки карактер. Тоа може да се размислува има некои идеи за наредната година. Значи целта е дружење на мотористите од сите меридијани, особено од европските и балканските земји, склопување нови пријателства и наша презентација особено на странците на сите наши знаменитости и убавини, природни убавини на Република Македонија, што придонесува за развој на туризмот бидејќи голем број од овие мотористи во меѓувреме доаѓаат со свои фамилии, пријатели да ја посетат Македонија итн.“

Кузманоски додаде дека оваа година релито изобилува и со многу млади учесници што особено радува. Денешниот старт на последната етапа организаторите донеле одлука да го закажат за малку подоцна, односно 12 часот, со што мотористите би имале повеќе време да го разгледаат Охрид и да ги посетат најзначајните знаменитости на градот. Па да им посакаме добар пат и мирно возење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top