Categories
Охрид

Се мери бучавоста во кафулињата – во сите од нив музиката е два пати погласна од законски дозволената

Продолжува мерењето на бучавоста низ охридските угостителски објекти. Резултатите покажуваат дека речиси ниту еден од нив не го почитува Законот за бучавост. Според него, дозволената граница е 45 децибели.

Продолжуваат секојдневните мерења на бучавоста низ охридските угостителски објекти. Контролите ги врши Општинската инспекција и овластена агенција за мерење, а во соработка со МВР.    

До сега, извршени се контроли кај повеќе од 50 објекти во градот и Пештани.
Резултатите покажуваат дека, повеќето од нив, не го почитуваат Законот за бучавост. Пуштаат музика два пати погласна од законски пропишаната од 45 децибели.
Врз основ на извршената контрола, поднесени се 12 мандатни казни и прекршочни пријави против сопствениците на угостителски објекти. Соодветни санкции ќе се превземаат и против останатите кои не го почитуваат Законот за бучавост. Инаку, инспекторите и полицијата имаат законска можност и да го затворат објектот кој произведува поголема бучавост од законски дозволената.

Според него, казната за преголема гласност од законски пропишаната, за физичко лице изнесува 300 евра, додека за правни лица од 2. 000- 5. 000 евра. Проблемот со прегласната музика од кафулчињата е провлекува години наназад. И покрај бројните најави  на надлежните дека најостро ќе ги казнуваат прекршителите на законот за бучавост, очигледно е дека надлежните никако не можат да изнајдат соодветно решение и конечно го решат проблемот со бучавоста.
Жителите од стариот дел од градот, каде и се наоѓаат поголемиот број кафулиња, се жалат дека навечер, поради прегласната музика, воопшто не можат да спијат.  Хаосот, го надополнуваат и летните тераси на кои се изведува  музика во живо, како  бродовите на кои секојдневно се организираат вечерни забави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *