Categories
Охрид

Матурантите, на антички театар по дипломи

На 380 матуранти, од средното училиште Св. Климент Охридски, на свечена церемонија ќе им бидат врачени дипломите, на антички театар.

На 380 матуранти, од средното училиште Св. Климент Охридски, на свечена церемонија ќе им бидат врачени дипломите, на антички театар. Менаџерскиот тим на училштето на овој начин, традиционално го  заокружува завршувањето на четиригодишниот  образовен  процес,  вели професор Љубиша Машановиќ директор на средното училиште, Св. Климент Охридски. Професорот, Машановиќ  со задоволство ги истакнува постигнатите резултати на учениците од матурските испити. Само 6 ученици не ги положиле испитите по македонски јазик и математика основно ниво. За нив следува, втор испитен рок, на 14 и 16 август.

Во Правилникот за вреднување на матурскиот испит, од Бирото за развој на образованието, нема можност за препологање  и подобрување на  успехот на учениците кои потфрлиле на испитот.  Во средното училиште, Св. Климент Охридски нема пријавен случај, ученици  да ја преполагаат  матурата следната година,  за да го подобрат успехот. 380 матуранти  од ова средно училиште се стекнуваат со право за  упис на високо школските образовни институции во земјава.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *