Манифестацијата „Жена домаќинка 2014“ ја отвори сезоната во хотел Даљан

Традиционално и оваа година, во хотел Даљан Охрид, денес се подготвуваа модерни, македонски јадења. Здруженијата на глуви и наглуви лица од целата земја и годинава со своите кулинарски способности добро се покажаа на натпреварот „Жена домаќинка 2014“.

 |  Николоска Биљана  | 
zena domakjinka
жена домаќинка

 Денес во хотел Даљан Охрид, домаќинките, членки на здруженијата за глуви и наглуви лица имаа можност да ги покажат своите кулинарски способности, како и да ги изразат своите вештини за креирање, декорирање и создавање на дела од храна кои потсетуваат на вистинска уметност. Благо, солено, месено, сукано, од се по нешто можеше да се забележи на работните маси во хотелската кујна, а богами и пријатната миризба на вкусно приготвените специјалитети дополнително привлекуваше. Сето тоа е во рамките на натпреварот „Жена домаќинка“ кое и годинава е во организација на хотелот Даљан. Некои од учесничките за прв пат учествуваат на оваа манифестација, задоволни се од организацијата, но за нив  важна е дружбата.

torta„Нашто благо е „Пелистерски планини“. Дојдовме да се претставиме со нашето здружение и многу сме радосни бидејќи има глуви од цела Македонија. – велат членките од битолското здружение.

Васко Марков, претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на Македонија, како домаќин на манифестацијата истакна дека од година во година домаќинките членки на здруженијата се повеќе ги  усовршуваат кулинарските вештини и според него тоа е за пофалба.

„Јас како претседател значи, веќе четврта година ја организираме оваа манифестација, имаме 17 општински здруженија, многу сум задоволен и се радувам за дружењето на овие жени“– нагласи Марков.

Како домаќини ние се потрудивме на натпреварувачите да им обезбедиме добри услови не само за работа, туку се погриживме целиот амбиент да биде во една убава атмосфера, вели Славица Стефаноска, директор на хотел Даљан.

zena domakjinka„Охрид и хотел Даљан ја отвараме сезоната со Жена домаќинка, многу интересна манифестација која што традиционално се одржува во нашиот хотел и многу сум горда на оваа манифестација бидејќи жените од цела Македонија глувите жени доаѓаат се дружат два дена навистина прекрасно си поминуваат ги забораваат домашните проблеми се релаксираат а секако дека и нешто ново ќе научат некоја нова идеја за интересен аранжман и убаво дружење во секој случај“ – истакна Стефаноска.

На натпреварот „Жена домаќинка 2014“ учествуваат 13 екипи исклучиво членки на здруженијата за глуви и наглуви лица. Вечерва сите специјалитети ќе бидат изложени на масите во хотелот Даљан, а Комисијата од „Вешта жена“ ќе ги одбере трите најдобри. После тоа следува дегустација на подготвените специјалитети.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top