Categories
Охрид

Лени Кравиц, во Охрид направи светски концерт

Рече дека Македонците се прекрасен народ, Охрид го потсетува на Бахамите и оти тука се чувствувал како дома.

Познатата рок ѕвезда, Лени Кравиц, синоќа во Охрид направи светски концерт. Со две часовниот настап на стадионот „Билјанини извори“ ја крена на нозе публиката од Македеонија и соседните земји.
„Здраво Македонијо“- со овој поздрав по час исчекување, на сцената се појави рок ѕвездата Кравиц. Посетителите ги шармира со убавите комплименти за Македонија и Охрид. Рече дека Македонците се прекрасен народ, Охрид го потсетува на Бахамите и оти тука се чувствувал како дома.
„Ви благодарам на топлиот прием во вашата земја, која имав можност да ја запознам малку, бидејќи тука пристигнав само еден ден, пред концертот. Имав прекрасна вечера на која вкусив охридска риба, и јадев дури 8 парчиња, и навистина премногу ми се допаднаа“, рече Лени Кравиц. Неповторливото шоу, го проследи десет илјадна публика, во која имаше обожаватели на рокот од Албанија, Косово, Србија и од Грција. Сите очекуваа светски организиран концерт.
Рок ѕвездата Лени Кравиц, со врвен професионализам максимално ја испочитува публиката во Охрид, пред која ги изведе своите хитови. Покрај песните од најновиот албум, „Love revolution“ Лени ги одпеа речиси сите стари хитови. Од извонредната бина одекнувааше беспрекорен звук и невообичаени светлечки ефекти. Организаторите од продукцијата „Авалон“ презадоволни се од тоа како помина синоќешниот концерт. Десет минути по завршувањето на настапот на Кравиц, тој на организаторите од „Авалон„ им рекол дека на следната турнеа за три години, повторно би сакал да ја посети Македонија.
„Со тоа што Кравиц пееше два часа и 20 минути, потврдува дека тој беше презадоволен од концертот во Македонија, вели Бобан Милошески од „Авалон“-продукција. Во Софија и Белград, Лени Кравиц имаше настап од девеесетина минути“, додава Милошески.
Најголемиот дел од 30 илјадните патнички возила, во Охрид, пристигнаа во теко на вчерашниот ден. Повеќето беа дојдени специјално за концертот на Кравиц. И покрај големата посетеност на концертот, организаторите се пофалија дека безбедноста била на високо ниво.
Стефан Димоски,портпарол на СВР-Охрид кажа дека во текот на вчерашниот ден немаше ниту еден инцидент.
Светски организираниот концерт, ги надмина стравувањата, дека Охрид нема концертна инфраструктура, истакнаа организаторите. Додаваат дека во иднина, во Македонија ќе донесат уште многу музички ѕвезда.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *