Categories
Охрид

Крводарителска акција на Плаошник

Во рамки на крводарителската акција, насловена како: Искористи ги твоите 5 минути да спасиш нечиј живот- дарувај крв, на Плаошник, беа собрани над 120 единици крв. Организаторите се повеќе од задоволни од одзивот.

Во рамки на крводарителската акција, насловена како: Искористи ги твоите 5 минути да спасиш нечиј живот- дарувај крв, на Плаошник, беа собрани над 120 единици крв. Организаторите се повеќе од задоволни од одзивот.

Д-р марија Алексиоска, Раководител- трансфузиолог при Општа болница, потенцира дека ова е значајна акција за собирање крв со оглед дека овој период е кризен,  поради големиот број гости кои престојуваат во Охрид.
Според податоците на општинскиот Црвен крст, охриѓани  покажале голема хуманост. 70% од крводарителите во оваа акција биле од Охрид, останатите 30% се гости од другите градови од земјава.
Наскоро, за верскиот празник Богородица, од општинскиот Црвен крст најавуваат уште една крводарителска акција.
Крводарителската акција започна вчеравечер, а заврши денес напладне. Станува збор за традиционална крводарителска акција која годинава, по шести пат, се организира на Плаошник.
Собраните единици крв се наменети за потребите на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и за Општата болница.
Акцијата ја реализира општинскиот Црвен крст во соработка со Кабинетот за трансфузиологија при болницата Св. Еразмо и Општата болница.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *