Categories
Охрид

Конгресен центар ќе никне во центарот на Охрид

Градењето на конгресниот центар, ќе го вклучи Охрид во  мрежата на нови пулсирачки точки низ Европа.

Градењето на конгресниот центар, ќе го вклучи Охрид во мрежата на нови пулсирачки точки низ Европа. Објектот има идентитет, претставува слика на Охрид, на Македонија на сиот оној историски багаж којшто Охрид како свет град го носи со себе. Вака реномираните архитекти- на проектот го обмислија просторот на полигонот за мали спортови.

Првиот конгресен центар во Македонија, единствен и специфичен по својот капцитет, изглед и функционалнот, ќе започне да се гради во месец септември на охридскиот полигон за мали спортови.
 
Еден од потписниците на проектот, почитуваниот проф. од архитектонскиот фактултет- Минас Бакалчев вели дека ова е голема продобивка за градот на УНЕСКО,  за негово  вклучување во една културна матрица која се гради во Европа. Градењето на културни, традиционални центри од овој тип, во услови кога културата се децентализира, ќе овоможат Македонија да стане дел од Европа и тоа преку културата.

За конгрескиот центар во Охрид кој ќе го носи името на Св. Јован Кукузел – зборува и проф Митко Хаџи Пуља, кој заедно со својот колега Бакалчев направија архитектонско ремек дело, со кое ќе конкурираат и на светската манифестација за архитектурата – венециското биенале.

Поагајќи од смислата на византиската култура, – вели Хаџи Пуља  осмисливме две куполи современо интерперетирани кои наликуваат на два бисери, вткаени во охридска чипка. Со тоа- кажува реномираниот архитект, се обиделе на креативен начин да се надоврзат на старата охридска архитектура.

Конгресниот центар ќе наликува на сиднејската опера, ќе ги има специфичните надворешни скалила на кои ќе може да се одржуваат бројни манифестации.

Инаку, објектот ќе го сочинуваат две сали еден голем амфитеатар свртен кон езерото и еден помал.
Ќе може во истовреме да се одржуваат повеќе настани и да собере поголема конценрација на луѓе, голем аудиториум кои ќе можат и независно да делуваат. Објектот на  полигонот за мали спортови, ќе го гради ГП „Гранит“ кој е и сопстевник на просторот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *