Categories
Охрид

Вечерва на Охридско лето пијано концерт, утревечер, монодрама и изложба

Претстава која говори за еден златен кожурец, стар 7. 000  години, во кој љубоморно се чува Македонија како свилено бубе на светската цивилизација и култура.

Претстава која говори за еден златен кожурец, стар 7. 000  години, во кој љубоморно се чува Македонија како свилено бубе на светската цивилизација и култура.

Со овие зборови актерот Петар Темелковски ја најави монодрамата Филип 2, која утревечер, е на репертоарот на Охридско лето.

Неколку години ја носев во себе идејата да го глумам ликот на македонскиот крал Филип 2, вели актерот Петар Темелковски. Според него, тажно е ако еден народ не си ја познава сопствената историја. Тоа бил и мотивот кој го поттикнал да ја направи Монодрамата Филип 2, која утревечер е на репертоарот на Охридско лето. Пред неколку години, во едни архиви на македонски дневни весници, прочитав: грчкиот крал Филип 2, татко на Александар Македонски.
Тоа прво беше смешно, но потоа и жално. И тогаш си реков- колкава национална негрижа водиме, вели актерот Темелковски. Станува збор за проект, работен според научните трудови на Урлих Вилкен и Џорџ Елис. Претставата говори за еден златен кожурец, стар седум илјади години, во кој љубоморно се чува Македонија како свилено бубе на светската цивилизација и култура, рече Темелковски.

Во рамките на овогодинашното „Охридско лето“, утре со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена и изложбата на македонската академска сликарка Жанета Вељановска, која седум години живее и работи како слободен уметник во Лондон. На изложбата ќе бидат прикажани 30 нејзини дела изработени во комбинирана техника во 2006 и 2007 година, од циклусот „Авантури“ и „Низ сводовите на среќата“.

„ седум години живеам во Англија, како слободен уметник, со што ми е дадена можност да изложувам насекаде низ Англија, но и Европа. Само што се вратив од Шпанија, рече ликовниот уметник, Жанета Вељаноска.

За вечерва, во рамки на фестивалот Охридско лето, е предвиден настапот на македонската пијанистка, Ирина Наумовска. На програмата се дела на Лист, Шопен, Михајловиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *