Categories
Охрид

Театарот „Комбурова“ од Русија повторно на Охридско лето

Театарот „Комбурова“ од Русија настапува на Охридско лето. Овојпат со претставата „Четири годишни времиња“ на режисерот Иван Попоски.

Театарот „Комбурова“ од Русија настапува на Охридско лето. Овојпат со претставата „Четири годишни времиња“ на режисерот Иван Попоски. Во овој проект класичната драмска изведба е во втор план и основно средство за изразување не е зборот, туку музиката.

„Оваа претставата гледачот треба да ја почувствува со сите сетила“- вели режисерот Попоски. Во Охрид ќе се случи премиерната изведба на Четири годишни времиња. Поради тоа Попоски е посебно возбуден

Во претставата настапуваат четири прекрасни девојки. Секоја од нив претставува едно годишно време, а низ песна ги доловуваат различните животни ситуации.

„Толку убаво и синхронизирано пеат, што многупати публиката мисли дека тоа е на плеј бек“ – вели Попоски.

Претставата трае час и половина, а ќе започне во 21 часот на новосоздадената сцена во Центарот за култура Григор Прличев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *