Categories
Охрид

Колку тежи „Охридско лето“

Фестивалот Охридско лето со малку пари нуди многу музика. По својот квалитет речиси е на ниво на познатиот „Љубљански фестивал“.

Фестивалот Охридско лето со малку пари нуди многу музика. По својот квалитет речиси е на ниво на познатиот „Љубљански фестивал“.

Директорот на „Љубљанскиот фестивал“, Дарко Брлек на „Охридрско лето“. Брлек вели дека ова е уште една можност за да направи споредба помеѓу двата фестивали и додава дека со задоволство може да констатира дека „Охридско лето“ се движи по нагорна линија. Тој објаснува дека двата фестивала концепциски се многу слични само што Љубљанскиот е малку поголем и многу поскап. Настапите на уметниците и таму пред се се одржуваат на отворена сцена.

Љубљанскиот фестивал има буџет од  два милиони евра. Триесет и пет проценти од средствата ги донира градот Љубљана , а останатиот дел се обезбедува од спонзорства. За разлика од овој реномиран словенечки фестивал, „Охридско лето“ оваа година од Министерството за култура доби само шеснаесет милион денари и три милиони бонус. Организаторите на фестивалот се надеваат дека ќе добијат уште некој денар. Голем дел од трошоците вели првиот човек на „Охридско лето“, Тони Симоноски ги покриваме од спонзорства“.

Еден билет за посета на љубљанскиот фестивал чини од 59 до 79 евра. А кај нас љубителите на музичката или драмската уметноист можат да уживаат во неа и за  5 евра.

„Многу често странските посетители се  изненадени за колкави мали пари можат да гледаат некој светски уметник за кој во нивната земја треба да резервираат место една година однапред и да платат цело мало богатство“, вели Симоноски.

Тој додава  дека заработката на фестивалот од продажба на билети е многу мала, „но наша интенција е да имаме публика а не да заработиме од неа“, додава првиот човек на „Охридско лето“.

Инаку вечерва во катедралната црква Св. Софија ќе настапи „Камерниот оркестар на Словенечката Филхармонија“, а како солисти ќе се претстават Дарко Брлек на кларинет, Масимо Марчели, флејта и Мелина Тодоровска на обоа. Уметниците ветуваат убава музичка вечер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *