Categories
Охрид

И годинава- поразителни резултати од категоризацијата на туристичките легла

Категоризацијата се врши со засилена динамика- се фалат од Локалната самоуправа. Спротивно на овие тврдења, резултатите на терен се поразителни. Од неофицијалните 30. 000, со категоризацијата, до сега се евидентирани само 7 000.

Категоризацијата се врши со засилена динамика- се фалат од Локалната самоуправа. Спротивно на овие тврдења, резултатите на терен се поразителни. Од неофицијалните 30. 000, со категоризацијата, до сега се евидентирани само 7 000.

До сега од страна на Локалната самоуправа категоризирани се околу 7. 000 легла. Надлежните се фалат дека годинава категоризацијата се врши со засилена динамика. Таа се спроведува од страна на неколку комисии, со цел да се изврши категоризација на што поголем број легла. Но, доколу, овие податоци се споредат со неофицијалните 30. 000 легла за издавање, очигледно е дека  резултатите се поразителни. И покрај упатениот повик до станоиздавачите да поднесат барање за категоризација на објектите кои ги издаваат, одзивот е многу слаб.

„ И годинава, како и изминатите години, интересот на станоиздавачите за поднесување барања за категоризација е слаб. Од Локалната самоуправа,  сепак, се надеваат дека тој ќе се зголеми пред истекот на крајниот рок за поднесување на барањата, а тоа е 15 август.“  

Оние станоиздавачи кои пак ја исполнале својата законска обврска и навреме поднеле барање за категоризација, се надеваат дека што поскоро ќе биде воспоставен ред во охридскиот туризам.
Една од нив е Цвета Ламаноска, која вели: „ Добро е за градот, секој кој издава да си постави табла. Вака, кој ќе помине по улицава мене ме прашува дали имам слободна соба. Извршив категоризација, пред се и  поради нас- да не трчам по улица и да барам гости, вака тие сами ми идаат дома“, вели Ламаноска.  

Според податоците на Секторот за Туризам и локален економски развој на Општината, вкупниот број на категоризирани објекти, од мал обем на подрачјето на општината изнесува 1.139 со вкупно 7.021 легло. Од нив 326, се категоризирани во оваа година, а бројот на поднесени барања по кои  се постапува  во моментов е 167.
Според структурата на категоризираните објекти, најголем е бројот на собите – вкупно 896, а потоа следат становите-вкупно 108 и апартманите – вкупно 93.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *