Categories
Охрид

Животниот календар на Димушевски пред охриѓани

Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија по дваесет и втори пат на Охридско лето.

Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија ќе ги почести Охриѓани со своето дваесет и второ учество на Охридско лето. Под диригентската палка на познатиот Саша Николовски Ѓумар, публиката речиси два часа ќе може да ужива во изведбата на овој реноморан оркестар.

Делото „Календар“ чиј автор е познатиот клавијатурист Кокан Димушевски, претставува спој на класичното и современото. Во него провејуваат звуци инспирирани од различни животни ситуации кои оставиле белег во потсвеста на авторот. Овој проект, Димушевски го подготвувал две години.

Диригентот Ѓумар вели -„ваков правец на музицирање е нешто ново и досега неслушнато во Македонија“.

Материјалот е составен од осум минијатури, а секоја од нив е своја приказна со посебен наслов.
Концертот почнува вечерва во 21 часот во предворјето на црквата Св. Софија. Публиката е поканета да стане дел од животниот календар на Кокан Димушевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *