Categories
Охрид

Кајчињата и бродовите безбедни за патниците

Кајчињата и бродовите ги задоволуваат сите безбедоносни стандарди, велат од охридската капетанија.

Охриѓани и гостите без никаков страв можат да се возат со пловните објекти кои сообраќаат по Охридското езеро. Тие ги задоволуваат сите безбедоносни стандарди, вели капетан Љупчо Настоски. Согласно правилникот за пловидба при добивањето дозвола за управување со чамец секој поединец мора да полага прва помош. Во тој дел опфатени се теми од давање прва помош при механички, топлински и хемиски повреди, давење, повреди во вода и давање прва помош во вода. Секое кајче кое врши превоз на патници мора да поседува и спасувачки појаси.

По Охридското езеро сообраќаат и пет бродови. Тие најчесто пренесуваат патници од Охрид до Св. Наум. Капетан Настоски тврди дека и на нив се запазени безбедоносните услови. Доколку бродот е регистриран за 150 патници треба минимум да има и толкав број на спасувачки појаси. Екипаќот на бродот е обучен за давање прва помош во специфични услови. Ова лето вели Настоски нема ниту еден несреќен случај на овие пловни објекти.

Инаку се врши проверка и на техничката исправност на бродовите и тоа од страна на германската фирма „Лојд“ која има седиште во Австрија. Еднаш годишно доаѓаат ревизори и вршат надзор на истите. Првиот човек на охридската капетанија потенцира дека бројот на пловните објекти се повеќе расте. Во изминатиов месец и половина во државава регистрирани се 660 нови вакви објекти. Најголем дел од нив отпаѓа на скутерите кои се најголеми загрозувачи на безбедноста во вода. Ова лето во охридската капетанија имаат издадено над 40 прекршочни пријави. Казната за физички лица изнесува 200 евра. Најчесто скутерџиите не поседуваат уверение за пловидба и пловидбена дозвола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *