Јапонски цреши за спомен на Тоше

Во спомен на Тоше Проески денеска во Охрид беа засадени 26 јапонски цреши.

Aleksandar Petreski
Александар Петрески

Во спомен на Тоше Проески денеска во Охрид беа засадени 26 јапонски цреши. Садниците се обезбедени во соработка помеѓу локалната и ЈП Македински шуми од Охрид.

Mitko OracevskiВо знак на почит и сеќавање на ликот и делото на Тоше Проески, денеска беа засадени 26 садници Јапонска цреша. Оваа бројка воедно ги симболизира годините на прерано загинатата музичка ѕвезда. Садниците од јапонски цреши локалната ги обезбеди во соработка со Јавното претпријатие „Македонски шуми„. Во контекст на оваа пригода, градоначалникот Петрески истакна: „Споменот наТоше никогаш не избледе во нашите сеќавања, па на овој начин сакаме тоа и да го покажеме. Се надевам дека жителите на Охрид внимателно ќе се однесуваат кон овие дрвца, кои воедно ќе бидат и прекрасен декор на нашето крајбрежје. Исто така, тој посочи и дека оваа идеја, иако потекнува од централната власт, тие со задоволство ја прифатиле. Токму по тој повод го одбравме најубавото место во Охрид, односно кејот“, рече Петрески.

„Оваа идеја воедно ќе овозможи еден дел од крајбрежјето да се разубави со убав парк, кој ќе им понуди пријатни моменти на сите кои пешачат покрај езерото. Досега поголем дел од нашите инвестиции се одлеваа на проекти за инфраструктурата, а сега веќе сметаме дека треба да се осврнеме на овој сегмент. Токму поради тоа во наредниов период повеќе ќе правиме паркови и фонтани и ќе го разубавуваме Охрид. Доста вложувавме во канализации и инфраструктура, сега ќе се осврнеме кон убавата страна на градот“, посочи Петрески.

„Како фирма решивме дека е значајно да дадеме свој придонес во зачувувањето на ликот и делото на Тоше Проески. Токму поради поволниот период и добрата припрема на садниците, сметаме дека тие навистина ќе бидат убав декор на нашето крајбрежје. Сметам дека на овој начин ќе дадеме печат на сеќавањето кон Тоше, и ќе ја исполниме целта на оваа акција“,
истакна Зоран Секулоски, инженер од ЈП Македонски шуми.

Со оваа акција беа опфатени 30 поголеми општини од РМ. За сите нив, секако со помош на локалните самоуправи беа обезбедени околу 800 садници јапонски цреши.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top