Categories
Охрид

Изложба на академскиот сликар Мирослав Масин

Изложени дела од циклусот: Човекот настанал од охридската пастрмка.

Во рамки на фестивалот Охридско лето, вчеравечер, беше отворена изложба на македонскиот академски сликар Мирослав Масин. Станува збор за фотографии печатени врз платно, а кои се дел од циклусот: Човекот настанал од охридска пастрмка.
„ Ова е нова идеја. СЕга не важи теоријата на Дарвин,па затоа ќе ја докажувам идејата дека човекот настанал од пастрмката“, вели Масин.  
За оваа изложба, Слеве Ѓорго Димоски има напишано посебна бајка- апокриф, во која вели дека охридската пастрмка е риба со ендемски карактеристики и која значително се разликува од останатите според анатомијата, бојата и навиките. Сосема доволно да се верува дека човекот настанал од неа.

 

Причина Масин да ја создаде оваа оркестрирана ликовна рапсодија на охридска пастрмка, пишува Димоски.
Мирослав Масин е академски сликар кој има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а своето уметничко образование го има  усовршувано во Англија, Франција и Чешка. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, чиј претстедател бил од 2000- та до 2001 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *