Categories
Охрид

Се отвора изложба на фотографии инспирирани од културното и природното наследство на Македонија

Од денес охриѓани и гостите имаат можност да ја посетат самостојната изложба на фотографии од Мишо Јузмески. Фотографиите се инспирирани од културното и природното наследство на Македонија.

Денес во охридското село Елшани се отвора самостојна изложба на фотографии од Мишо Јузмески. Во просториите на Фото галеријата во Елшани ќе бидат изложени осумдесет фотографии преку кои се претставува повеќегодишната фотографска активност на авторот. Фотографиите се инспирирани од културното и природното наследство на Македонија, старите занаети, животот на село, како и од човекот и разните аспекти на неговото живеење.

Ова е првата позначајна фотографска пројава на авторот кој на македонската културна јавност и е познат повеќе со досегашната дејност во областа на литературата и издаваштвото, како раскажувач, есеист и публицист. Јузмески има објавено три книги и други публикации, а свои текстови има објавувано и во бројни списанија во Македонија и странство.

Изложбата е поддржана од Институтот за традиционални вредности од Охрид и таа всушност претставува дел од повеќегодишната акција за приближување на културата до помалите населени места. Изложбата ќе биде отворена до крајот на летото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *