Categories
Охрид

Ретки се изложбите на најскапата и најценетата во светот – црно белата фотографија

Љубителите на оваа уметност сега  имаат можност да погледнат седумдесет и седум црно бели слики чиј автор е охриѓанецот Летра.

Љубителите на оваа уметност сега  имаат можност да погледнат седумдесет и седум црно бели слики чиј автор е охриѓанецот Летра.

Секој се обидува да го мери времето на свој начин вели авторот на изложбата и додава дека  тој тоа го прави преку фотографијата.

Во Галеријата Робевци, по втор пат Зоран Вељаноски Летра се преставува со изложба на фотографии во  црно бела техника. Изложени се 77 црно бели фотографии со наслов Мерач на времето. Зоран Вељаноски Летра со оваа уметност се занимава 25 години. По добивањето на роденденскиот подарок, мануелен, руски фотоапарат, целосно е  обземен од  магијата на фотографијата. Започнува амтерски да ги открива нејзините тајни, а посебно изработката на  традиционалната технологија.

Летра досега имал  11 изложби,  од кои две во  Галеријата на Робевци, но и во голем број светски галерии. Изложувал во култната галерија, Клод Дервен во Париз, во Њујорк,Токио,Пекинг , Порто.
Следува изложба во Вашингтон, САД со колор фотографии, која ќе биде насловена како “Македонија ризница на светската цивилизација“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *