• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар“ набави специјализрано медицинско амбулантно возило со средства од IPA фондовите

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар“ набави специјализрано медицинско амбулантно возило со средства од IPA фондовите

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар“ во склоп на проектот Интерегионалниот ИПА проект “„Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ набави специјализрано медицинско амбулантно возило. 

 |   | 

Набавката на возилото е со цел да се олеснат теренските активност во тек на проектот. Друга важна цел на оваа набавка е да им се излезе во пресрет на Јавните здравствени установи во нашата општина со цел да се подобри квалитетот на транспортот на пациенти, поради што здружението ,,Мозочен удар,, на крај на проектот го става амбулантното возило на располагање на болниците во Охрид.

Поттикнати од фактот дека во Република Северна Македонија има недоволен број на центри за третман на мозочен удар и сè уште има огромни нееднаквости во третманот на болните со мозочен удар во различни региони во земјата, а особено во нашиот регион од Здружението сметаат дека брзиот и ефикасен транспорт ќе придонесе за подобрување на еден сегмент од веригата односно подобрување на квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат овие пациенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top