Categories
Охрид

Инстант брак

Паузата на денешната седница искористeна за склучување граѓански брак.

Брак склучен на пауза. Краткиот прекин на денешната седница идните сопружници, наши согрѓани го искористија за склучување на нивниот граѓански брак. Иако тие предвреме си резервирале термин за регистрација во големата сала на општината , денес кога пристигнаа дотерани и накитени, наидоја на полна сала, ама не со сватови туку со советници. За среќа седницата накратко беше прекината поради консултации на координативните тела па младенците набрзина влетаа во салата и го рекоа своето судбоносно ,,да,,. Инаку ова е проблем кој се провлекува веќе години наназад бидејќи во рамките на општината нема соодветен простор каде ќе се склучуваат брачните заедници.

Пред две-три години имаше идеја да се ослободи една од салите на приземјето па таму да се прават регистрациите, но тоа остана само идеа. Сега младите го склучуваат својот граѓански брак каде ќе стигнат. Некогаш се слупчува тоа да биде и ходникот на општината. Локалците велат дека проблемот ќе се реши со реализирањето на одамна планираната доизградба на општината, а дотогаш ќе се снаоѓаме како знаеме.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *