Categories
Охрид

Хотел „Ривиера“ доби нов газда

Од наесен, сопственик на познатиот хотел „Ривиера“ ќе биде шпанец чие име сеуште не се открива.

 

Хотел „Ривиера“ доби нов газда. Од наесен сопственик на овај познат хотел на охридската ривиера ќе биде шпанец чие име сеуште не се открива. Единствен податок што засега се пласира во јавноста е дека истото лице веќе поседува неколку хотели во монденското шпанско летувалиште Марбеља. Според плановите сегашниот објект ќе се руши и одново ќе се изгради нов луксузен хотел по сите светски стандарди.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека многу е задоволен што во градов почна да влегува странски капитал, особено во хотелиерството. Тој потенцира дека на охридското крајбрежје во најскоро време треба да се изградат барем уште неколку хотелски капацитети доколку сакаме во Охрид да развиваме елитен туризам. Петрески додава дека општината прави се за да овозможи изградба на нови хотелски капацитети од познати брендови. До неодамна се зборуваше дека на потегот од Горица прва до Горица трета ќе се изгради хотел кој ќе биде дел од познатиот ланец на хотели од брендот „Хилтон“. За таа цел општината донесе и детален урбанистички план за тој дел од градов. Се чека зелено светло од централната власт.

Според урбанистичкиот план хотел треба да се гради и кај некогашната детска болница, а веќе е извесна и изградбата на четири хотелски објекти кај СРЦ „Билјанини извори“. За Петрески се поизвесна е и судбината на хотелот „Палас“. Тој вели дека доколку се реализираат плановите и се отворат нови хотелски капацитети Охрид ќе добие реална можност да развива една повисока форма на туризам.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *