Холандска донација наменета за потребите на специјалната  паралелка од основното училиште Св. Климент Охридски.

Парите ќе бидат наменети за набавка на компјутери и дигитална техника. За родителите на децата со посебни потерби ќе се  уреди и посебна просторија.

Донација во висина од 5000 евра добија учениците со посебни потреби од основното училиште Св.Климент Охридски. За да ги донесат парите во училиштето, Константин Петкоски, охриѓанец  кој работи и живее во Холандија и Алофс Фас, холанѓанец изминаа 1500 километри со велосипед. Од два проекти, лани  го избрале овој проект наменет за потребите на  ОУ Св.Климент Охридски.Фас Алофс зјави дека проектот бил спонзориран од поединци ,познати и непознати холанѓани нивни пријатели и колеги, но ја издвојува органзиацијата Вилдхаус.Оваа органзиација добива апликации од околу 900 проекти годишно,вели Алофс и40 посто од нив одобрува.Проектот со кој аплицирале за училиштето не само што веднаш го прифатиле туку се нашол и на нивната веб страна какао најдобар проект.
Во основното училиште  Св. Климент Охридски настава посетуваат 20 -тина деца со посебни потреби.

Дефектологот од училиштето Лиља Стилоска се заблагодари за донацијата и изјави дека парите ќе бидат наменски искористени за набавка на компјутери и дигитална техника. Идејата потекнала мината година од Константин Петкоски, за време на нивниот престој  во Охрид кога се договориле со Фас  да допатуваа со велосипеди.
На преставникот од основното училиште Св.Климент Охридски на симболичен начин и беа врачени и денари донирани од холанѓанец,  пријател на Македонија кој својот одмор лани го поминал во Охрид.Петкоски и Алофс ветија дека соработката со училиштето ќе продолжи и во следниот период со нареден проект.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: