Грујо на гости кај Ацо

Премиерот Груевски и градоначалникот Петрески седнаа на иста маса.

 |  Татјана Маленкова  | 
sredba
средба

Премиерот Груевски и градоначалникот Петрески седнаа на иста маса.

Разговараа за заеднички проекти кои ќе ги реализираат во интерес на граѓаните. Денешната двочасовна средба ветува развој на Охрид во сите сегменти.

sredbaПремиерот Никола Груевски конечно на гости кај градоначалникот Александар Петрески. На средбаta, на која присуствуваа и вицепремиерот Абдулаќим Адеми, Mинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и Mинистерот за образование Никола Тодоров, се разговарало за реализација на повеќе проекти од разни области.

„Денеска разговаравме за состојбата на општина Охрид но и за проктите кои треба да се реализираат во Охрид со подршка на владата“ рече градоначалникот Петрески.

Премиерот Груевски истакна дека Охрид е многу значајна општина за Р Македонија. Поради тоа вети дека Владата ќе направи се Охрид наредниве години да се развива како што му доликува на овој туристички центар.

„Разговаравме за конкретни проекти. За изградба на повеќе хотели, изградба на прочистителни станици, канализации, решавање на одредени проблеми со јавните претпријатија што ги има општината. Се отвори и прашањето околу Законот за Охрид“, изјави Груевски.

Како што истакна Претседателот на Владата, на денешната средба се дискутирало и за Законот за Охрид, кој треба добро да се осмисли и што побрзо изгласа на седница на Влада, затоа што само на тој налин ќе се заштити градот и богатото културното нсаледство. На средбата се разговарало и за реализација на капитални проекти, како што се изградбата на Универзитетот за информатички технологии кој привремено ќе работи во просториите на домот на АРМ, а трајно ќе биде сместен во касарната во Охрид.

„Денеска очекуваме градоначалникот да ни даде дозвола за доизградба на домот на АРМ и за продолжување на работите на ул.„Железничка“, изјави премиерот.

Претседателот на македонска влада истакна дека државата не се откажала од идејата за изградба на елитен хотел во Охрид и дека се предвидени повеќе други проекти за развој на туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top