Categories
Охрид

Премиерот Груевски, во Градиште ја посети наколната населба

Истакна дека овој Музеј на вода ќе биде најголемата атракција за земјава. Неговото присуство беше искористено за прашања, поврзани со актуелните случувања на македонската политичка сцена.

Премиерот Никола Груески, го посети наколното живеалиште во Градиште и музејот на вода кој тука се гради. Изградбата е навлезена во длабока фаза на реализација и се очекува овој локалитет да стане туристичка атракција во земјава истакна премиерот.

Посетата на Груески беше искористена да одговари на неколку прашања, поврзани со актуелните случувања на македонската политичка сцена. Не сакаме да го победиме Бранко Црвенкоски со импичмент туку на избори. Но, Црвенкоски се откажа од уште еден претседателски мандат, затоа што знае дека неговата политика не проаѓа повеќе кај народот, истакна Груески.

Аболицијата на Зоран Заев не е почитување на законот и го повика Црвенкоски, кој при тоа го нарече и шеф на опозицијата да одговори зошто го направи тоа. Според Груески тоа е сериозен удар во борбата против организираниот криминал и корупција. Груески се прашува, што ќе се случи во иднина доколку некоја личност е во спрега со преседателот за да поделат украдени, 10-15 милиони евра, за потоа да добие аболиција. Во случајот со градоначалникот Заев немало политички притисок туку борба против криминалот. Ова е прв случај обвинет за финансиски криминал да добие аболиција, со што е доведен во прашање имиџот на Македонија, истакна премиерот Никола Груески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *