Categories
Охрид

Електрични жици под напон им се закануваат на туристите

Непознати сторители веќе подолг период крадат капаци од канделабри. Надлежните ветуваат дека уште утре штетата ќе биде санирана.

Електрични жици под напон висат од десеттина канделабри на пешачката патека кон хотел Парк и претставуваат потенцијална опасност за бројните минувачи, особено за децата.
Ова е една од најпрометните пешачки патеки кои водат до најблиските охридски плажи. Секојдневно тука минуваат голем број туристи.  

Од Локалната самоуправа не информираа дека овој проблем се провлекува подолго време. Непознати лица постојано ги кршат и крадат капаците од канделабрите, особено од оние кои се наоѓаат после плажата Куба либре.
Надлежните се сомневаат на рибокрадците, за кои ова место е најпогодно за влегување во вода. Или пак, претпоставуваат дека станува збор за крадци на старо железо кои потоа го продаваат.

Од Локалната самоуправа велат дека нивните служби речиси секои десет дена се соочуваат со истиот проблем и ги поправаат канделабрите кои се оштетени и не функционираат.   
Не информираа дека е даден налог за санирање на штетата, па така уште утревечер може да се очекува,  канделабрите поставени на пешачката патека која води кон хотел Парк, повторно да блеснат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *