Утревечер, во предворјето на предворјето на Св. Софија, гостува тиранскиот „ Dance company theatre“ Чеховиот  „Скриениот човек“ и „Парфем “од Сускинд ќе бидат прикажани во форма на танчерски израз, а  во  режија и  кореографија на  Ѓерг Превази. Двете танцувачки  претстави се споени во еден настап. Со  невербалната комуникација на движењата на телата, актерите – танчари од овој театaр настапуваат веќе  8 години. Превази,  за танцувачкиот  тетар вели дека е многу попознат во земјите од Централна Европа, а за неговиот театар потенцира дека во соседна Абанија е пионер  во овој начин на театарско изразување.

„ Dance company theatre “е за прв пат на Охридско лето. Целта на режисерот и кореграфот  е воспоставување  на  интеракција со публиката, потенцира  Ѓерг Превази.

Ѓорѓи Јолески, селекторот на театрските престави на Фестивалот Охридско лето, појаснува дека режисерот и кореграф Превази е мошне инвентивен во изнаоѓањето   уметнички  изрази на актерите. Во танцувачкиот  перформанс настапуваат Аледиа Кондај, Суеда Хоџа, Филомена Гаргано, Милена Нурка и Елтон Цефа

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: