„Угоре високо, удолу длабоко “ е насловот на изложбата на скулптури од охриѓанецот, Сергеј Цингулоски.

Уметникот своите дела ги презентира пред јавноста како дел од мултимедијален проект, а ги преставува во загодочна и поинаква естетика. Уметникот, им вдахнува индивидуална поетика и вон временска димензија на скулптурите.

Музиката на проектот е компонирана од Кокан Димушески, а артот е на Сергеј Цингулоски во режија на Венцислав Војдановски.
„ Збогум инфинитив “ е насловот на сликарските дела кои ќе бидат изложени, од академскиот сликар, Дубравко Наумов.
Тема на неговиот циклус слики се Принцезите, кои се трансформираат и сублимираат некаде помеѓу сонот и јавето, со карактеристична симболика на бојата и формата, појаснува историчарот на уметност, Виолета Крстиќ. Сликарот Наумов изложувал во Париз и Брисел, а живее и работи во Торонто, Канада.

И двете изложби се подржани од министерството за култура. Љубителите на уметност, изложбите ќе може да ги погледаат во Центарот за култура, до 20 август кога и завршува фестивалот Охридско лето.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: