Categories
Охрид

Давесетина семејства 5 дена преживуваат без струја. ЕСМ ЕВН нема да мрдне со прст додека не улатат 40.000 денари

Дваесетина семејства од зграда  на улицата  “Гоце Делчев“ , лоцирана на излезот од Охрид,- 5 дена се без струја.

Дваесетина семејства од зграда  на улицата  “Гоце Делчев“ , лоцирана на излезот од Охрид,- 5 дена се без струја.

Жителите гневни, кажуваат дека наместо одмор – деновите ги  поминуваат барајќи начин како да ги задолат елеметарните потреби. Од ЕСМ ЕВН се децидни- ќе добијат струја кога ќе пратат околу 50.000 ден за поправка на штетата.

На овие пеколни горештини –станарите велат-ние останавме без електрични апарати, а тоа не неподносливо.  Жителите гневни, кажуваат дека наместо одмор – деновите ги  поминуваат барајќи начин како да ги задолат елеметарните потреби. Најголем проблем им претставува храната – велат, дека поради високите темеператури им се расипуваат прехрамбените продукти.

Во зградата нема жива душа, луѓето бегаат од дома, бидејќи без струја не се живее. “ – вели Вера Дубровска
“ Ова е страмота, туритчки град, во ек на сезона да останеме без струја 5 дена, неможеме на овие пеколни горештини да се разладиме“- додава  Вера Грленска .
 
Трајче Кочоски, кој веќе 20 години по ред, 4 месеци од годината, го поминува тука,кажува дека проблеми со струјата имале повеќе пати, но се решавале. Овој пат, тие веднаш ги информирале надлежните од охридската подружница ЕСМ ЕВН, при што им било кажано дека поради дефект на приклучниот кабел останале без струја.

“ Неколку пати бев во ЕСМ ЕВН да побарам помош, – вели Кочоски, но денес шефот не сакаше ни да ме прими. Преку портирот ми порача да си платиме ако сакаме да ни го поправат дефектот“. 

Од ЕСМ ЕВН  потврдуваат дека се работи за дефект на приклучниот кабел,но велат дека додека не платат, нема да им се отстрани дефектот.  Кажуваат и дека според првичните проценки, тоа ќе ги чини околу 50.000 ден а можеби и повеќе,и им прачуваат на станарите да се снаоѓаат сами додека не се решат да платат. Портпаролот на ЕСМ ЕВН- Златко Попоски не информираше дека дефектот се наоѓа во дел каде тие не се задолжени да интервенираат бесплатно. И тој потврди дека станарите ќе мора да ја платат сумата, од 50.000 ден.

“ ЕСМ ЕВН е приватна компанија- вели тој и додава дека штетата мора се плати. Во иднина станарите за да не ги плаќаат високите суми при дефекти на електичната мрежа, треба да потпишат нова енергетска согласност со која ќе им го отстапуваат приклучниот кабел.

Станарите на зградата кои 5 дена се снаоѓаат без струја велат дека и покрај нивата воља, да платат ,неможат да  ја соберат потребата сума пари, бидејќи одреден дел од странарите имаат викенд станови и , во моментов или не се тука или не се во можноста да ја платат сумата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *