Categories
Охрид

Два нови паркинзи во Охрид

Течат подготовките за отворањето на двата паркинг простори на просторот кај старата автобуска станица.

Се вршат интензивни подготовки за отворањето на двата нови паркинг- простори кај станбено- деловниот комплекс на просторот на старата автобуска станица.
Свеченото отворање на паркинзите е предвидено за во среда, кога ќе започнат со работа надворешниот и подземниот паркинг- простор.
Хоризонталната сигнализација е завршена, а поставена е и кабината за наплата со рампите.
Капацитетот на паркинзите е 400 возила.

Се уште не е утврдено колку ќе ве чини доколку одлучите своето возило да го паркирате на овој простор. Одлуката се очекува да биде донесена во почетокот на идната недела. 
Се очекува дека овие два паркинзи во голема мера ќе го намалат хаосот во центарот на градот, кој се создава поради недостиг на паркинг- простор. Особено деновиве, во шпицот на туристичката сезона, кога се проценува дека во градов престојуваат околу 30. 000 гости.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *